Решена мистеријата за Бермудскиот триаголник?

од desk2
151 прегледи

Научниците и теоретичарите на заговори до сега предложија безброј сценарија за да се објасни феноменот на исчезнување бродови и авиони нво областа наречена Бермудски триаголник. Меѓутоа еден австриски научник вели дека дошол до едноставно објаснување кое до сега не е земено во предвид.


Д-р Карл Кружелнички вели дека во областа меѓу Порторико, Бермуди и Мајами нема ништо неприродно, туку дека станува збор за човечка грешка.
„Бермудскиот триаголник по ништо не е посебен во однос на другите краеви на светот, дури ни по бројот на авионски несреќи“, вели тој наведувајќи податоци од Американската крајбрежна стража.

„Тој е во близина на екваторот и богатиот дел од светот, па во таа област има многу сообраќај“.

Кружелнички наведува пример со исчезнувањето на американскиот бомбардер во 1945 година, после кој исчезнал и хидроавион кој е пратен да го бара бомбардерот.

Вели дека во тој, како и во другите случаи на исчезнување, пресудна улога има човечката грешка и истакнува дека радио транскриптите кој настануваат за време на пад на авион сугерираат дека неискусен пилот на кој му е сугерирано да лета кон запад, лета кон исток. Кога станува збор за хидроавионот, Кружелнички тврди дека тој експлодирал, а не дека исчезнал без траг.
Ни Американската крајбрежна стража не го признава Бермудскиот триаголник тврдејќи дека почестите несреќи таму може да се припишат на тоа што областа е многу прометна.