Решението за чисто Скопје е политичка волја, а не префрлање вина врз граѓаните, вели Мециновиќ

Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите – Изет Меџити. Вашиот премиер вика дека вашата визија не е да рушите дивоградби, туку да градите. Викате не е ваша надлежност да чистите ѓубре, ама е ваша надлежност да отворате Скопски маратон, рече тој.

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Kандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, вечерва упати серија критики за актуелното управување со градот и за, како што рече, „кампањското чистење“ на Скопје. Мециновиќ ги отфрли наводите за соработка со ДУИ и повика на политичка промена, нагласувајќи дека решението за чисто Скопје е политичка волја. Тој ги охрабри скопјани да излезат да гласаат во недела, и, како што рече „да ја преземат судбината во свои раце“.

Мециновиќ го обвини Ѓорѓиевски за лицемерие во однос на урбанистичките проблеми.

-Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите – Изет Меџити. Вашиот премиер вика дека вашата визија не е да рушите дивоградби, туку да градите. Викате не е ваша надлежност да чистите ѓубре, ама е ваша надлежност да отворате Скопски маратон, рече тој.

Во однос на состојбата со јавната хигиена, Мециновиќ рече дека решението за чисто Скопје е политичка волја, а не префрлање вина врз граѓаните.

-Загадувања, муабети домаќинства – доста е. Треба да се прекине да се посочува прстот кон домаќинствата, кон сиромашните, рече тој.

Во завршната порака, Мециновиќ повика на промена и ги охрабри граѓаните да излезат да гласаат.

-Ова е историска прилика. Досега се боревме со политички партии кои ги имаат сите привилегии на нивна страна, ја имаат моќта и институциите, но ние ја имаме љубовта кон нашиот град. Сметам дека треба да прекинеме да бираме како што досега сме бирале, затоа што резултатите се предвидливи – особено за нашата генерација која не може да си дозволи уште 30–40 години да живее во вакви услови. На 2 ноември мора да ја преземеме судбината во сопствени раце. Со еден храбар чекор, кој ќе значи промена на политичките прилики во Македонија, да си го обезбедиме градот во кој сакаме да живееме, порача тој.

Слични содржини