Ретрограден Меркур оваа есен нема да ги поштеди овие три хороскопски знаци

од Stefanija Kuzmanovska

Ретроградниот Меркур започнува на 9 септември и трае до 2 октомври, а речиси целиот овој месец ќе биде под негово влијание. Неговата енергија ќе почне да се чувствува веќе на 22 август, а постретроградната сенка ќе се чувствува до 16 октомври.

Три хороскопски знаци ќе се соочат со бројни предизвици во наредниот период.

Овен

На Овните им претстои бура во периодот што претстои, а сите деловни недостатоци и стари долгови (во секоја смисла на зборот) ќе испливаат на површина.

Припадниците на овој знак ќе бидат многу нервозни во текот на септември, обврските ќе ги задушат и практично ќе им биде невозможно да постигнат се што замислиле. Дури и проблемите на другите некако ќе се испреплетат со нивните.

Во периодот што претстои, Овенот не смее да се префорсира, туку на телото и умот мора да му го обезбеди потребниот одмор.

Рак

Периодот што следи нема да биде лесен за Раковите, бидејќи деловните и семејните проблеми ќе ги обземат од сите страни. Поради сето горенаведено, Раковите ќе се чувствуваат како рацете да им се врзани.

Совет до Раковите во овие неблагодарни околности е да го покажат најдоброто од себе, што ќе биде добар залог за во иднина. Последните денови од септември носат одредено смирување на ситуацијата, што ќе им даде сила евентуално да ги надминат сите предизвици.

Раковите ќе губат пари, ќе добиваат, па повторно ќе ги загубат. Сето ова се лекции кои добро ќе се исплатат во иднина.

Вага

За Вагите, септември 2022 година подготвува бројни стапици и тие треба психички да се подготват за тоа. Треба да се држат настрана од ветувањата кои по секоја цена не можат да ги исполнат, како и од ширење непроверени информации.

Единствен начин да се заштитат од ретроградниот Меркур во нивниот знак е барем три пати да ги проверат сите информации што ќе им дојдат. Семејните односи, исто така, можат да ги разнишаат и да донесат турбуленции во нивните животи и од клучно значење е Вагите да останат ладни и да се фокусираат на своите цели.

Крајот на септември и почетокот на октомври носи олеснување – стресот ќе се намали, а можно е припадниците на овој знак да очекуваат некои бонуси на работа.

Слични содржини