166
Националната галерија на Македонија (НГМ) вечер во 19 часот во Даут-пашин амам ќе отвори ретроспективно-монографска изложба на Драган Попоски Дада – доајен на македонската современа скулптура, кој има голем придонес во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност. Изложбата ќе претстави стотина скулптури и цртежи од сите творечки периоди на Попоски.