[РЕЦЕПТ] Пита со пилешко месо и сирење

од Vladimir Zorba

Состојки:
300 г пилешко филе
100 г брашно
2 јајца
150 г јогурт
50 г сирење
1/2 лажичка прашок за пециво
зачини по вкус – црн пипер, ориганоda0675661ebc0aa1c9d003bfb9ff70c9Подготовка:
Исечете го месото на мали парчиња и изрендајте го сирењето. Во сад измешајте ги јајцата, јогуртот, зачините и прашокот за пециво. Потоа додајте го и брашното. Откако ќе се добие хомогена смеса, може да се стави месото и сирењето и повторно да се промеша, но со помош на лажица.

Печете во намачкана и набрашнена тава, во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути.

Слични содржини