Рецепт за веганска чоколадна торта со банани

од Elena Daskalova

Чоколадната торта може да биде вистинско уживање за сите, без разлика дали се вегетаријанци, вегани или пак, јадат сè.

На вкусот на оваа веганска торта никој не може да одолее.

Потребни состојки:

15 суви урми
250 гр бадеми
100 мл бадемово млеко
170 гр темно чоколадо
2 банани

Подготовка:

Подгответе правоаголна тава за печење, премачкајте ја со кокосово масло. Урмите исчистете ги од семки и ставете ги во блендер. Додадете 200 гр бадеми и блендирајте додека да се соедини смесата.

Оваа смеса рамномерно нанесете ја на дното на тавата за печење.

Чоколадото искршете го на парчиња и ставете го огноотпорен сад. Загрејте го млекото, па прелијте го преку чоколадото. Прелијте врз смесата од урми. Бананите исечете ги на кругови и ставете ги врз чоколадото.

Исецкајте уште 50 гр бадеми и декорирајте со нив. Од оваа смеса можете наместо колач, да формирате и бомбици, да ги прелевате со чоколада и да ги послужите врз кругови банана, набодени со чепкалки.

Слични содржини