Рецептот со кој Финска го победи коронавирусот

од Берта Китинска
420 прегледи

Можеби Финците подобро се справуваат со пандемијата на коронавирусите затоа што се „несоцијални“ и можеби затоа што имаат силна социјална држава.Секако стапката на инфекција со ковид-19 во оваа земја е најниска во цела Европа.

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите кои најдобро се справуваат со пандемијата на коронавирусите. Според Универзитетот Џон Хопкинс, стапката на инфекција не е толку ниска во која било друга земја.

Додека милиони Европејци се борат со нова епидемија на коронавирус и нови мерки, благодарение на успешната стратегија и систем, Финска избегна второ затворање и успеа да ја контролира стапката на ширење на инфекцијата, што е пет пати помала од просекот на ЕУ.

Од почетокот на годинава во Финска се регистрирани 21.216 заразени и 375 мртви. Заради споредба, во Данска се регистрирани 70.152 заразени лица и 781 смртни случаи, додека во Словачка бројот на заразени е 95.257 заразени, додека 644 лица починаа како резултат на круната.

Најниска стапка на инфекција во ЕУ

Во изминатите две недели, нордиската земја регистрираше 45,7 нови случаи на 100 000 жители, што е најниска стапка во ЕУ и, според Светската здравствена организација, Финска е единствената земја во блокот каде бројот на нови случаи е намален во последните 15 дена.

„Ситуацијата изгледаше загрижувачка кога имавме забрзан раст на инфекции“, рече главниот епидемиолог Мика Салминен за ситуацијата на почетокот на октомври. „Сега е јасно дека врвот помина“, додаде тој.

Брзата реакција на властите придонесе за тоа – вклучително и двомесечен карантин во март и забрана за патување, но и ефикасен систем на мерки.

Покрај фактот дека Финците сакаат осаменост и приватен простор, Финска се разликува од другите европски земји, пишува Фајненшл тајмс и „се фокусира на подготвување и реагирање на национални кризни ситуации“ кои се родени за време на Зимската војна од 1939 до 40 година со Советскиот Сојуз. Благодарение на овој колективен менталитет на подготвеност и одговор, на финските болници не им недостасуваше заштитна опрема за време на кризата.

Финска реагираше брзо

Кога бројот на заразени почна да расте низ целиот свет, финската влада брзо реагираше и нареди двомесечно затворање. Патувањето во блиските региони беше забрането. Тие исто така ги затворија училиштата и другите институции, а подоцна и рестораните. Ова се случи доста рано, кога бројот на заразени лица во таа скандинавска земја сè уште беше незначителен.

„Финска го запре јавниот живот многу брзо и опширно, така што околу две недели порано од соседните Норвешка и Данска, а да не ја спомнувам Шведска“, рече Салминен. Така заклучувањето го запре ширењето на вирусот многу брзо.

Апликацијата за корона е прифатена

Финска инсистира на брзо следење на луѓето кои имале контакт со заразените. Таму, здравствените служби добија поддршка користејќи ја апликацијата. „Корона блиц“ го има скоро секој друг Финец на својот паметен телефон.

Спротивно на тоа, во Германија „апликацијата за корона“ ја презедоа 22 милиони жители, односно четвртина од населението. За некои луѓе, проблемот е стар смартфон, додека други стравуваат од злоупотреба на приватни податоци.

Довербата е клучна

Според анкетата спроведена од Европскиот парламент во тоа време, 73 проценти од луѓето изјавиле дека добро се справуваат со ограничувањата.

„Се обидуваме да се придржуваме на она што ни го препишува владата. Мислам дека тоа има врска и со нашата социјална држава “, рече политичарката од финските Зелени, Роза Мериленинен. Можно е и добрата економска состојба да придонесе за тоа. Додека економското производство на ниво на ЕУ во вториот квартал на 2020 година падна во просек за 14 проценти, во Финска падна за 6,4. Земјата сè уште стои добро.

Слични содржини