Бугарија ја поддржува желбата на Македонија да се приклучи кон Европската унија и НАТО, пренесува Reuters . Покрај тоа, балканските соседи, кои до неодамна имаа ладни односи, ќе го потпишат долго одложуваниот договор за добрососедство. 
Можноста за подобрување на односите меѓу Македонија и нејзините соседи Бугарија и Грција, се подобри откако коалициската влада предводена од социјалдемократите ја зеде власта во Скопје на 31 мај, по победата над крајните националисти кои управуваа 9 години.
Премиерите на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев изјавија дека Договорот за добрососедство ќе биде потпишан на 2 август.