Болнички извори тврдат дека во нападот има и загинати, но засега нема точни информации за тоа.

На местото на несреќата веднаш се упатиле возила на итна медицинска помош. Реонот е блокиран од полицијата и се спроведува истрага. Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

Овој инцидент се случува само една недела откако во двоен бомбашки напад на курдски екстремисти пред стадион во Истанбул се убиени 44 лица, а најмалку 10 беа повредени.