Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, соопштија од Министерството за здравство.
Вкупно се аплицирани 1.152.274 дози вакцини, а ревакцинирани се 499.934 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 17.099 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.398 граѓани.
✅70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
✅67% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
✅63% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.
✅54% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, посочуваат од МЗ.