Режимот на Гадафи ги инфицирал со СИДА децата во Бенгази

од desk3
89 прегледи

Двајца поранешни високи претставници на режимот на Моамер Гадафи ги заразиле со вирусот на СИДА децата во болницата во Бенгази, пишува во тефтер на поранешниот либиски премиер Шукри Ганим, пренесе АФП, повикувајќи се на францускиот сајт “Медиапар”.

2111216883

Откритијата доаѓаат речиси 10 години по ослободувањето на бугарските медицински сестри и палестинскиот лекар, кои беа обвинети за епидемијата. Тие лежеа во либиски затвор од 1999 до 2007 година и беа ослободени благодарение на активна кампања на Франција.

Во нив тој раскажува дека во 2007 година бил посетен од Мохамед ел Кадаре, член на анкетната комисија на Либија, која го истражувала ослободување на медицинските сестри. Според Ел Кадаре при сослушување во комисијата шефот на военото разузнавање Абдула Сенуси изјавил дека заедно со шефот на либиските тајни служби Муса Куса се здобиле со “епрувети со заразен вирус” – четири за Сенуси и 27 за Куса.

“Двајцата го инјектирале вирусот на децата. Овие 232 деца не биле од Бенгази, а биле изведени од болницата во Таџура “(во близина на Триполи), тврди членот на анкетната комисија пред Ганим.

Аферата може да била одмазда кон источниот град Бенгази, кој се бунтуваше против режимот на Гадафи, или да имала за цел да ги претстави гонењата за терористички настани Либија како жртва, забележува АФП.

Муса Куса живее во егзил во странство. Во септември 2012 година Абдула Сенуси беше екстрадиран од Мавританија во Либија, каде ќе биде суден.

Ганим беше премиер на Либија од 2003 до 2006 година, а потоа бил министер за нафта.