Чистките во ВМРО ДПМНЕ се вратија како во времето на владеењето на Никола Груевски. Дотолку повеќе, како што вечерва изјави фракционерот Петар Богоески кој е сменет од позицијата заменик генерален секретар затоа што не го послуша ставот на Мицковски, да се бојкотира референдумот. Така режимски, како стил на владеењето на Никола Груевски кој што се пресметуваше со неистомислениците кога бече на власт , така денеска поминуваат внатре во партијата Богоески и другите функционери и фракционери на ВМРО ДПМНЕ кои не го послушаа груевизмот во партијата, артикулиран преку Христијан Мицковски.
ВМРО-ДПМНЕ се движи во апсолутно погрешен правец, во бездна, актуелното раководство е поврзано со структури во земјата кои ги контролира Русија, истакна Богоевски вечерва во интервју за 24 Вести, потврдувајќи дека режомот на Груевски уште функционира во Белата палата на ВМРО ДПМНЕ.
Богоевски беше отстранет поради „непрофесионално работење“, но тој вели дека е разрешен поради непомирливоста на двата концепта – неговиот за демократизација, модернизација и европеизација и другиот за клиентелизација, криминализација и авторитарен кариеризам во ВМРО ДПМНЕ.
– Мојот концепт е Западот, прозадната ориентација. ВМРО-ДПМНЕ фати погрешен концепт, кон Истокот, мора да најдеме начин да ја смириме топката и да фатиме правец, рече тој вечерва.
Вели дека влијанието на поранешниот лидер Никола Груевски е се уште присутно во партијата.
– Духот на Груевски, да не ме разберете погрешно тој е жив и здрав се уште присутен во ВМРО-ДПМНЕ, рече Богоевски и додаде дека ретко ја посетува „Белата палата“, токму поради присуството на таквите емоции.
Тој истакна дека од партиските функции можно е да бидат разрешени и Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците кои гласаа на референдумот, Драган Данев, Даниела Рангелова, како и членот на ИК Костадин Богданов.
видео ТВ 24