Европратениците утре ќе гласаат за Резолуција со која се осудува негативната одлука од Брисел и се бара одлука за почеток на преговорите со Скопје и Тирана.
Во резолуцијата се потенцира дека одложувањето на преговорите со овие две земји може да го дестабилизира не само двете земји туку и целиот регион.
Се очекува европратениците да ги повикаат лидерите на Унијата да се однесуваат соодветно ветеното и да го зачуваат својот кредибилитет. Во предложените амандмани се поздравува и одлучноста на Македонија да продолжи на реформската агенда и со позитивната дипломатија со соседите, особено со Бугарија и Грција.
Парламентот потсетува дека политиката на проширување е најефективниот инструмент за надворешна политика на Унијата и бара Комисијата да ја преиспита и дополни Стратегијата за Западен Балкан од февруари 2018.
ЕУ парламентот нагласува дека неуспехот на Унијата да отвори преговори резултираше со предвремени избор и создава можност за други влијанија кај земјите-кандидатки.
Оваа иницијатива која доаѓа од речиси сите парламентарни групации ја поздрави премиерот Заев.