Ричард Гир и тајната на неговиот успех

од Vladimir Zorba

Холивудскиот актер Ричард Гир постигна голема слава во текот на својата богата кариера, а на форум во Москва рече дека неговата тајна на успехот не е себичност, потребата за слава и пари, туку нешто многу поголемо и духовно возвишено.

„Ако вашата кариера е насочена кон тоа да станете совршени, да станете икона – бидете сигурни дека нема да успеете. За да постигнете голем успех, не е важно да ги правите работите само за себе, туку и за Универзумот“, рече тогаш актерот.

Тој додаде дека човековата добрина е најважниот фактор, како и љубезноста, без која е тешко да се искачи на врвот.

„Добрината и љубезноста се главните двигатели на успехот. Во однос на добрината, парите и моќта се толку мали нешта. Доброто и љубовта се најмоќните сили на Универзумот. Мислам дека сите треба прво да откриеме кои сме навистина. Кој е нашиот универзум и како сме меѓусебно поврзани со сè во светот?“, додава тој.

Слични содржини