Ријана одби да настапи на „Суперебоул“

од desk4

Популарната пејачка ги потврди гласините дека нема да настапи на спортскиот настан „Супербоул“ оваа година.

Во интервју за списанието „Вог“ таа објасни дека тоа го прави во знак на протест и како израз на поддршка на пријателот Колин Каперник, поранешен квотербек во американски фудбал. Тој во знак на протест против полициската бруталност и расизмот против афро-американците, во тек на интонирањето на американската химна на истиот настан во 2016 година, не стана, а потоа клекна на едно колено.
– Се разбира дека нема шанси да се појавам таму. За која цел? Кој ќе има придобивка од тоа? Моите луѓе не. Не сакам да се “продадам“. Има многу работи во организирањето на тој настан, со кои воопшто не се согласувам и затоа немав намера да одам и да им вршам услуга. – изјави таа.
Во меѓувреме пејачката работи на новиот албум кој го најави како инспириран од реге музиката, но не откри кога планира да го промовира.

Слични содржини