Диниел Рикардо од Ред Бул победи на денешната трка за Големата награда на Малезија. Тој ја постигна својата четврта победа во кариерата, а прва сезонава.

Рикардо беше најбрз на патеката Сепанг, а комплетниот триумф на Ред Бул го надополни Макс Верстапен кој го освои второто место. Лидерот во генералниот пласман Нико Розберг од Мерцедес го комплетираше победничкиот подиум и покрај тоа што имаше казна од 10 секунди.