Рио 2016: Кошаркарите на Србија поуспешни од Хрватска во најнеизвесниот дуел од четвртфиналето

од desk3
86 прегледи

Србија доцна ноќеска ја победи Хрватска во најинтересниот натпревар од четвртфиналната фаза на кошаркарскиот турнир што се одржува на Олимписките игри во Рио. Србите стигнаа до победата од три разлика во пенал завршница, откако претходно губеа на полувреме со шест поени, па потоа имаа убедлива предност од 14 коша по крајот на третиот период.

hrvatska slavlje košarka

Пласман меѓу четирите најдобри ноќеска обезбедија и САД по убедливиот триуф над Аргентина.

Постигнати резултати во четвртфиналните дуели:

Шпанија – Франција 92:67,
Австралија – Литванија 90:64,
САД – Аргентина 105:78 и
Хрватска – Србија 83:86.

Двојките за полуфиналето се:

САД – Шпанија и
Австралија – Србија.

 

MИА