Бразилскиот град Рио де Жанеиро јадоби титулата “Светска престолнина на архитектурата”, соопштува весникот Globe.
Одлуката за тоа е донесена од страна на УНЕСКО и Меѓународниот сојуз на архитектите.
Титулата “Светска престолнина на архитектурата” се доделува за прв пат и ќе биде доделувана на градовите кои ќе бидат домаќин на конгресот на Меѓународната унија на архитекти.
Настанот се одржува на секои три години, а Рио де Жанеиро ќе биде домаќин во 2020 година.