Ристовски: Ќе навивам за Португалија на СП

од Nikola Popovski
493 прегледи

Македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски со грешка во првото полувреме им даде „крилја“ на Португалците на патот кон пласман на Светското првенство.

Домашниот тим победи со 2-0 на стадионот „Драгао“ во Порто, но играчот на Динамо Загреб не е незадоволен.

„Сакам да ѝ честитам на цела Португалија. Беше отворен натпревар, противникот доминираше. И покрај поразот мораме да си заминеме со кренати глави. Имавме патување во кое никој не веруваше и тоа е нашата најголема гордост“, изјави синоќа Ристовски, кој од 2017 до 2021 година го носеше дресот на Спортинг од Лисабон.

„Секако дека ќе навивам за Португалија на Мундијалот и се чувствувам малку Португалец. Мојот син е роден овде, имам португалски пасош и би сакал да ја видам Португалија како го крева трофејот на Светското првенство“, рече Ристовски на прес-конференцијата после синоќешната средба.

Искусниот фудбалер се осврна на грешката која придонесе за првиот гол на Бруно Фернандеш и поразот на Македонија.

„Кога играш против толку големи тимови, не смеете да грешите. Не можете да погрешите со играчи како Бруно и Роналдо. Сепак, тоа се случи и Португалија го искористи тоа“, дециден е Ристовски.

Слични содржини