Ристовски: Нема услови за фер избори во ситуација кога имате монополи со статус на „заштитени бели мечки“

од Берта Китинска
957 прегледи

Нема услови за фер и демократски избори, во ситуација кога имате монополи со статус на „заштитени бели мечки“. Со новите измени за законската изборна регулатива, дури си ги зголемија привилегиите од 90 на 97% пари од буџет за медиумски простор во изборна кампања, вели во изјава за „Локално“,претседателот на „ИНТЕГРА“, Љупчо Ристовски.

– 90% од буџетот за редовно работење на партиите повторно е во нивни раце. Како може да зборувате за фер и демократски, кога системот е херметички затворен за влез на нови идеи и политички визии, за нови ликови во политиката, за нова творечка енергија кај младата генерација за влез и практикување на политика. Македонскиот политички систем стана политичко мочуриште, во кое вират секакви гадотинки и се шири ужасна непријатна реа во јавниот политички простор. И резултатите кореспондираат со тоа, на дно сме на планетата земја по било кое достигнување како нација и држава, а на првите места сме по корупција, по неуспех, по порази, по стапки на смртност од ковид и од сите други тешки болести, по рецепти за лекарства антидепресиви, по стапки на самоубиства, по стапки на развод, по се што е зло и најлошо, сме први,објаснува  Ристовски додавајќи дека и медиумите и народот си молчат, мислат дека така треба, и упорно се надеваат на „исцедените лимон партии`“од црно белиот спректрум да ги сменат гнасните рутини и навики во политиката и да понудат нешто ново.

-Не, тоа не е патот. Библиски, „ново вино се става во нови бочви“, никако во стари, крпени или распукани, оти ќе истече или ќе се расипе. Таа мудрост е патоказот за народот, да конечно одлучи да го даде гласот на овие локални избори за нова трета политичка опција, која влева доверба дека знае, умее и ревнува да ја однесе државата на многу, многу повисока перспективаа од оваа, сегашнава на дното, вели од Ристовски.

Во врска на настапот на „ИНТЕГРА“ на локалните избори, лидерот на пратијата вели дека на овие избори тие сакаат да  покажат на јавноста дека  нивните кандидати  се подготвени  да излезат од тесните партиски шинели и да дадат простор за нова творечка енергија во политиката.

-Македонска конзервативна партија ќе настапи со свои кандидати за градоначалници, во Скопје,  Берово, Тетово, Крива Паланка, Ранковце,    Штип, Стумица, Прилеп, Ѓорче Петров, како и со свои советнички листи во 27 општини. За жал во судска процедура на Виш Управен суд ни се две кандидатури за градоначалници во  други две општини, одлични кандидати, но и оспорени 6 одлични советнички листи од банални процедурални причини. Денес очекуваме финална одлука на Виш Управен суд, се надеваме дека разумот ќе надвладее и правдата ќе царува во овие случаи, но и од приватни семејни причини две кандидатури за градоначалници и една советничка листа за Делчево,  моравме да ги повлечеме во претходната фаза, објаснува Ристовски.

Ношпал во Скопје, Алчки во Берово 

„ИНТЕГРА“  во Скопје ќе трча со Др. Тодор Ношпал со задржана независност во кандидатурата, како непартиски кандидат.

-Сакаме да  покажеме на јавноста дека има мудри субјекти кои се спремни да излезат од тесните партиски шинели и да дадат простор за нова творечка енергија во политиката. Ние сме соборци за  демократијата со др. Ношпал оддамна, делиме сличен светоглед. Во едно сум сигурен, дека тој си ја саката татковината и својот народ, дека ревнува за поубаво Скопје, дека е домаќин  и еснаф човек, угледен во професијата и во јавноста, дека е морален столб кој ќе внесе нова светлина во практикување на градоначалничката позиција, достоен `татко на градот`. Прогнозите се неблагородна работа, но имаме силни амбиции и ќе се дадеме со се наше, за да успееме во целта, а таа е не само др. Ношпал да стане градоначалник на Скопје, но од Скопје да направиме нова приказна, која ќе ја паметат генерациите после нас, подвлекува Ристовски.

Тој смета дека ИНТЕГРА со својот кандидат ќе изнесе на сцената нова вредност, доблест и интегритет со што ќе покажат и докажат дека само високо поставенитете цели се рута до успехот, како и за се во животот, така и во политиката.

Маестро Алачки е легенда во својот занает и  силен патриот 

-На предлог на еден наш заеднички пријател, договоривме средба и јас ја пласирав идејата до маестро Алачки, со зборовите: `…како да сме додадена вредност едни за други, за овие локалнни избори…?` Нашата понуда беше, да тој се кандидира како независен, непартиски кандидат на листата на ИНТЕГРА, за Берово. Ги објаснивме целите на партијата, дека сакаме да ја поттикнеме творечката енергија кај се што е најдоборото од нацијата, како би направиле исчекор кон подобро и поубаво Берово и татковина Македонија, објаснува лидерот на „ИНТЕГРА“.

Ристовски за маестро Алачки вели дека е легенда во својот занает силен патриот, кој си ја сака Македонија и ја презентира нз целиот свет со традиционалната македонска музика, ревнува за поубаво Берово.

-Нашите цели се во силна синергија од Берово да направиме светска туристичка атракција, нешто кое досега не е видено во Македонија. На Берово и татковината им требаат нови ликови и нови визии, иницијативи, нови луѓе со силен творечки потенцијал и моќна енергија на јавна сцена, како би направиле силен исчекор кон поквалитетен живот и прогрес и просперитет, какви што не се видени досега. Е зато маестро Алачки е нашиот избор, затоа е оваа одлука да влеземе партнерски во процесите на препород на Берово и на татковината Македонија. Јас сум убеден, дека со Божја помош ќе ги оствариме заедничките цели, смета Ристовски.

Б.М.

Слични содржини