„Човек би помислил дека ќе се уништи или ќе ја изгуби бојата, но тоа не се случи иако цело време висеше во мојот ормар“, раскажува актерката, пејачка и танчерка Рита Морено (86) за телевизиската емисија E! News.

Морено на 80-тите јубиларни Оскари облече фустан кој го носела во 1962 година кога го освои златниот Оскар за учога во филмот „Приказна од западната страна“ во категоријата најдобра споредна улога.
“Ткаенината е направена од оби, појас кој Јапонките го носат на своите кимона. Обично при користењето се превиткува неколкупати, па ова е само еден дел од тој материјал“, појасни актерката. Се присети дека во 1962 година го носела истиот фустан кога го освоила Оскарот. Вели дека одржала говор само 15 секунди.
„Никогаш не помислив дека може да победам. Бев сигурна дека на сцена златната статуетка ќе отиде во рацете на Џуди Гарланд за филмот ‘Judgment at Nuremberg’. За секој случај долетав од Филипините каде и го изработија тој фустан, вели Морено. Танчерката на доделувањето ја повела и својата ќерка, актерката Фернанда Луиса Фишер (51) која во разговор со новинартие истакна дека нејзината мајка била многу возбудена поради Оскарите иако не е меѓу номинираните.
„Рече дека ќе доживее инфаркт затоа што околу неа на доделувањето седат големи актеркси имиња“, се пошегува Фишер. Морено на свеченото доделување ја врачи наградата за најдобар странски филм на режисрот Себастијан Лелиу (43) за дрмата „Фантастична жена“.