Ривалите Милан и Интер заедно градат стадион вреден 700 милиони евра

од desk2
152 прегледи

Интер и Милан постигнаа договор за изградбата на новиот стадион што ќе чини 700 милиони евра и би требало да биде готов до 2022 година, пишува La Repubblica.

Наводно, двата клуба ја напуштиле првичната идеја да се реновира постојниот Сан Сиро со уредување на околината.

Новиот стадион на двата клупски ривала би требало да биде готов за почетокот на сезоната 2022/23 и ќе се наоѓа до Сан Сиро.

La Repubblica објави дека Милан и Интер уште не решиле што ќе се случи со просторот каде што моментално се наоѓа Сан Сиро, кој ќе биде срушен.

Сан Сиро, односно Џузепе Меаца кога игра Интер, има капацитет од 80.018 седишта и спаѓа меѓу најголемите во Европа и е најголем во Италија.

Таму се одржуваа натпревари од Светското првенство во 1990 година и четири финалиња од Купот на шампиони/Лигата на шампиони и тоа во 1965, 1970, 2001 и 2016 година.