Лабиопластијата е хируршка интервенција, која има за цел да го подобри изгледот на малите и големите срамни усни кај жените.07b09de18cbb97981afb8828c3f57eec

Всушност постапката се врши по мотив на една од причините – непријатност или потреба од козметичка промена. И во двата случаи, сепак се кријат исти ризици.

Откако сè повеќе жени во светот го преземаат овој чекор кон пластичната хирургија, е редно да побараме мислење на експертите за скратување на срамни усни. Еве што споделува проф. д-р Алис Дуек од Њујорк пред Cosmopolitan, гинеколог и професор на Универзитетот за медицина во Моунт Синај.

1. Дали е можно лабиопластијата да не е потребна?

Д-р Дуек вели дека жените првично размислуваат да се подложат на постапката на возраст од 15 до 21 години. “Жените сметаат дека вулвата треба да изгледа подеднакво и ако нивната не е како останатите, нешто не е во ред”, смета д-р Дуек. “Ако треба да сум отворена, поголемиот дел од спроведените постапки се бесмислени. Не само жените, туку и сите луѓе треба да разберат дека не постои такво нешто како совршена анатомија – секој е различен. Ако нема два идентични пениса, така нема и две идентични вулви “, смета лекарот.

2. Но покрај реченото тука, лабиопластјата е неопходна во некои случаи. Во кои?

Д-р Дуек открива дека кај некои жени малите срамни усни се толку огромни, што  тие се соочуваат непријатност при поставување на влошки. Истото чувство го имаат и при сексуален однос – болно стискање или горење. Тоа според неа се објективните причини за извршување на хируршка интервенција.

Според неа постои и уште една причина – психолошка. Ако човек толку не може да го понесе изгледот на својот полов орган, тој неизбежно ќе се подложи на интервенцијата.

3. Постапката е сложена, но кратка

“Постојат многу начини на кои таа може да се изврши”, смирува д-р Дуек. Се користи анестезија, а неколку часа по интервенцијата пациентите се испраќаат во своите домови. “Во зависност од потребите на пациентот, вулвата може да се менува од голема во помала или за израмнување. Во вкупниот случај се обрнува внимание на целите внатрешни срамни усни и намалувањето на нивната големина “, раскажува медицинското лице. Престојот на хируршката маса трае од 15 минути до 1 час.

4. Регенериративниот процес е напнат и заплеткан

Според д-р Дуек процесот на постоперативно обновување се занемарува од жените, а е исклучително важен. Одржување на одлична хигиена е критичен момент за заздравувањето на ткивата. На пациентите им се даваат посебни кадички во кои треба тие да седат, потопувајќи го оној дел од телото во сол и дезинфекција раствори.

Се препорачува по миењето оваа област таа да биде исушена о фен. На овој начин се елиминира влагата, која инаку би помогнала за развој на инфекција. Оваа практика се повторува три пати дневно во рок од 2 недели. Препорачливо е да се носат повеќе опуштени долни делови, претежно ноќе. Се препишуваат  и антибиотици.

Слични содржини