
Роботи се појавија на почвата на најактивниот вулкан во Европа – Етна на Сицилија. Ова е тест за нив. Следната мисија на машините ќе биде во вселената.
Експерти од Германија, Англија, Италија и САД ги поставија таму роботите, кои се дел од проектот РОБЕКС.
Целта е да се подобри употребата на роботиката во вселената, но и да истражуваат длабочините на Етна.
Научниците објаснуваат дека е избрана површината на вулканот, бидејќи очекуваат условите таму да се слични со оние на Месечината.