Роденденско изненадување: Адеми доби подарок од сите репрезентативци (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Фудбалерот Аријан Адеми го прославува својот 30. роденден, а од таборот на нашиот национален тим му приредија изненадување.

Адеми доби подарок од сите репрезентативци кој му го врачи соиграчот од Динамо Загреб, Стефан Ристовски, но и песна како начин за мало одбележување на роденденот во време на постојана затвореност за време на подготовките за ЕВРО 2020.

Слични содржини