Родени близнаци од ембрион замрзнат пред повеќе од 30 години

од Stefanija Kuzmanovska

Во американската држава Тенеси родени се близнаци од ембрион замрзнат пред повеќе од 30 години.

Ова е веројатно нов рекорд за најдолго замрзнати ембриони од кои успешно се родиле бебиња.

Тие биле чувани на -128 степени Целзиусови во течен азот од 22 април 1992 година.

Рејчел Риџвеј, мајка на четири деца од Орегон, ги роди близнаците на 31 октомври оваа година.

Слични содржини