Роџер Федерер ја одбрани титулата на Австралија опен

од desk2
108 прегледи

Роџер Федерер ја освои рекордната 20. гренд-слем титула, а денеска во маратонски меч го доби финалето на Австралија опен со 3:2 против Марин Чилиќ.

Со полни 36 години швајцарскиот ас е највозрасниот шампион на турнирот во Мелбурн во опен ерата на тениската игра.

Иако против себе имаше 7 години помлад противник, Федерер почна супериорно и за 26 минути го доби првиот сет со 6:2. Потоа имаше шанса да ја зголеми предноста, бидејќи имаше брејк во тај-брејкот, но не успеа да се одбрани од налетите на Чилиќ, кој израмни на 1:1 во сетови.

Продолжението на финалето беше во ист ритам, непарните сетови ги добиваше Федерер, а Чилиќ постојано бркаше негатива, но не успеа да го повтори подвигот од завршниот меч на САД опен, кога единствен пат во десетте меѓусебни дуели го победи Швајцарецот и ја освои својата прва и единствена гренд-слем титула.

Федерер ги има 20, како апсолутен рекордер во светот на машкиот тенис.