Роџер Федерер – Враќањето на една легенда на теренот

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Роџер Федерер раскажува во интервју за “Њујорк тајмс” отворено за претстојната враќање на теренот.

Тпј ги сподели  траумите кои го извадија  шест месеци, за семејството и уште нешто. За сите нас не е беспредметен  фактот дека големите спортисти, а во случајот зборуваме токму за таков, имаат поминато голем дел од својот живот во патувањата и далеку од дома. Децата на Роџер Федерер го прашуваат: “Кога ќе патуваме повторно. Кога ќе одиме во Њујорк и Австралија, а јас им одговарам дека нема да е наскоро.” Следното патување сепак наближува. Тој ќе се појави на теренот следниот месец во Перт, Австралија, на “Хопман купот”, како и на опен Австралија во Мелбурн. Последното излегување на теренот беше во полуфинален натпревар во јули на “Вимблдон”. Тогаш заедно со Милош Раониќ играа  натпревар кој Федерер загуби. Во петтиот сет тој направи паѓање на коленото, кое претходно во текот на годината беше оперирано. Потоа тој не ја доврши сезоната, како не учествува и на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро, што беше негова цел. Додека долгогодишните му ривали Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ се бореа кој ќе биде број 1 во светот, Стен Вавринка го освои US OPEN, Роџер почувствува каква е цената на најдолгото  откажување од 1998 година. Сега тој ќе го  направи своето враќање под број 16 и во светот, како што е најнискиот пласман на Швајцарецот од 2001 година.

Слични содржини