Ројс: Ако некој мисли дека е добар момент да се игра против нас, ќе згреши

од Vladimir Zorba

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ги предупреди Ренџерс да не мисли дека е добро време да се соочи со Германците бидејќи не се во добра форма. Шкотскиот гигант во четврток гостува во Германија во натпревар од Лигата на Европа. Во последните недели Борусија испадна од Купот на Германија од второлигашот Сент Паули и беше поразен од Баер Леверкузен.

„Резултатите не беа онакви какви што би сакале, без сомнение. Тренери и играчи, сите ние во клубот работиме напорно да ги подобриме и да имаме успешна сезона. Овие резултати не треба да ги натераат луѓето да мислат дека сега е добар момент за нив да играат против нас. Тоа би било грешка“, изјави Ројс.

„Подготвени сме за големиот натпревар против Ренџерс. Знаеме дека тие се квалитетен тим. Освојувањето на Лигата на Европа би било големо достигнување, но има неколку многу силни тимови на турнирот оваа сезона“, додаде тој.

Слични содржини