Ројтерс: Русија ја прекина испораката на гас за Полска

од Vladimir Zorba

Русија утринава ја прекина испораката на гас за Полска, јавува Ројтерс, повикувајќи се на податоци од мрежата за пренос на гас на Европската унија.

Полската компанија PGNiG во вторникот објави дека руската енергетска компанија „Газпром“ ја информирала дека испораките на гас за таа земја преку гасоводот Јамал ќе бидат прекинати денеска во осум часот по средноевропско време.

PGNiG во соопштението рече дека ќе преземе чекори за повторно воспоставување на протокот на гас во согласност со договорот Јамал и дека прекинот на снабдувањето е прекршување на тој договор.

Слични содржини