Рокот за пасошите од 5 на 10 години не може да се смени бидејќи ќе значи отворање на целиот пакет од Преспанскиот договор, порача Маричиќ

од Nikola Popovski

Во еден тежок компромис, мора да определите што ви е приоритет, а нас ни беше македонскиот идентитет и јазик и тоа што ќе ви донесе членство во НАТО и отвореност за членство кон ЕУ. Тие договори тешко се репреговараат. Не можете да одберете еден дел и да кажете сега ќе бараме да се смени рокот за пасошите од 5 на 10 години. Тоа ќе значи отворање на целиот пакет бидејќи било договарано во пакет. Истото важи и за францускиот предлог, изјави утрово вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за одредбите од Преспанскиот договор со Грција и делот со промената на личните документи со новото уставно име.

Според него, враќањето во некакво репреговарање е само „скапа заблуда што може скапо да не чини“.

-Секое наредно отворање на Уставот ќе чини поскапо и ќе биде потешко. Ако го пропуштите моментот, тоа ќе ве чини повеќе. Затоа заблудите на ВМРО-ДПМНЕ се дека не можат да излезат од ситуацијата на безидејност. Немаат план, ниту решение. Овие лажни надежи за некакво репреговарање со Бугарија се само лош изговор од безидејност, истакна Маричиќ.

Слични содржини