Романец нудел евтини пелети, земал пари и избегал

од Берта Китинска

Вчера во полицијата во Битола 42-годишен сопственик на правен субјект пријавил дека бил измамен од правно лице од Романија за сума од 4.560 евра.

Според пријавеното, тој се договорил со правното лице за купување пелети и ги уплатил средствата, но откако се посомневал во фирмата ја откажал нарачката. Како што е пријавено, парите не му биле вратени за два дена како што му било ветено, а претставникот на фирмата веќе не бил достапен. Се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини