Ромањоли и официјално е играч на Лацио

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Поранешниот капитен на Милан, Алесио Ромањоли и официјално се приклучи на Лацио. 27-годишниот дефанзивец беше слободен играч и ја избра понудата на Римските орли наместо онаа на Фулам. Неговиот договор е до 2027 година, а неговата плата ќе биде 3 милиони евра по сезона. Доколку се активираат сите бонуси, износот може да достигне 3,4 милиони.

Ромањоли е дете на Рома, но во неколку наврати сподели дека навива за Лацио. Тој ги искористи социјалните мрежи за да се прости од навивачите на Милан каде помина 7 години.

„Почитувани Миланисти, време е да се збогуваме. Ме пречекавте како дете, а сега си заминувам како маж. Во овие 7 години Милан беше вистинско семејство за мене. Имавме тешки моменти, но на крајот постигнавме нешто неверојатно. Сакам особено да им се заблагодарам на Адријано Галијани и Синиша Михајловиќ, кои ме доведоа во клубот. Благодарен сум и на Џенаро Гатузо. Тој не само што ми ја довери капитенската лента, туку беше најважната личност за мене додека бев во тимот“, напиша Ромањоли.

„Се надевам дека заработив место во вашите срца и дека оставив добар впечаток не само како фудбалер, туку пред се како човек, бидејќи тоа е најважно за мене. Наскоро повторно ќе се видиме, но сега како ривали“, додаде дефанзивецот.

Лацио објави видео во кое Ромањоли објаснува дека како дете имал постер од Алесандро Неста на ѕидот во својата соба и признава дека поради љубовта кон „Бјанкочелите“ не го прославил својот гол на голот на тимот со тимот на Милан.

Слични содржини