Роналдо се согласи да плати 19 млн. евра казна за даночни измами

од desk2
92 прегледи

Фудбалерот на Јувентус се изјасни како виновен и плати казна на суд во Мадрид, каде беше обвинет за даночни измами.

Во 2017 година, Роналдо кој настапуваше за Реал Мадрид, беше обвинет за затајување данок во висина од околу 14,8 милиони евра.

Фудбалерот ги прифати обвиненијата и ќе мора да плати парична казна од 19 милиони евра со условна затворска казна од 23 месеци.

Роналдо нема да оди зад решетки, бидејќи според законите на Шпанија, првата казна автоматски станува условна ако не надмине 24 месеци.

.

Роналдо во судот во Мадрид допатува со својата партнерка Ѓорѓина Родригез.