Роналдо: Како тоа Барса секогаш губи поради Валверде и Кутињо, а победува поради Меси?

од desk2
64 прегледи

Поранешниот напаѓач на Барселона и Реал Мадрид, Роналдо зборуваше за време на рекламен настан на различни теми поврзани со двата клуба.

„Барселона располага со голем тим. Се потпираат на најдобриот играч во светот, кој е Лионел Меси. Пред некој ден слушнав дека кога губат, тоа е поради Ернесто Валверде и Филипе Кутињо, но не и поради Меси. А кога победуваат, тоа го прави Барселона на Меси. Тоа е огромна неправда за сите фудбалери и тренерскиот штаб“, изјави легендарниот Роналдо.

Сепак, Бразилецот не пропушти да ги пофали фудбалерите на Ливерпул, за кои смета дека го покажаа херојското лице во полуфиналниот натпревар.

„Интезитетот на Ливерпул не беше изненадување за Барселона, но исто така им недостигаше малку среќа. Првиот натпревар беше гала претстава на Меси, но на реваншот Ливерпул ја ‘изедоа’ Барселона со интезитет, желба и точност“, додаде Роналдо.

Во однос на неговиот сонародник Нејмар и шансата тој да заигра во Реал Мадрид,тој смета дека тоа се само гласини. Бразилецот смета и дека критиките кон него во последно време се незаслужени.

„Ги слушаме шпекулациите за Нејмар многу години. Има гласини, но не верувам дека тој има врска со Реал Мадрид. Секој би сакал да го има во своите редови, но тој во моментов не е на пазарот. Дали е премногу критикуван? Отсекогаш постоеле такви нешто во фудбалот. Дури и мене ме критикуваа, во повеќето случаи неправедно. Ништо што можеме да направиме. Мислам дека е многу интелигентно дете, извонреден талент со желба да се врати и да биде постојан. Повеќето од критиките се незаслужени. Верувам во него и сигурен сум дека неговата ситуација ќе се смени“, изјави Роналдо.