Фудбалерот на Јувентус Кристијано Роналдо рече дека минатата година му била најдобра во кариерата поради Лигата на шампиони и заминувањето во Торино.

Минатиата пролет со Реал Мадрис ја освои третата последователна титула на првак на Европа и потоа Шпанија ја замени со Италија.
Иако не ја освои шестата „Златна топка“ која по Мундијалот во Русија и финалето на Хрватска му припадна на Лука Модирќ, на Роналдо тоа не му пречи.
„Јас не работам за рекорди, туку за добробит на тимот. Минатата година ми беше најдобра во кариерата. Во Серија А ме маркираат како ив о Шпанија, но има помалку простор затоа што сите тимови играат одлични одбрани“, вели Португалецот за Рекорд.
Додава дека освојувањето на Лигата на шампиони му е остварување на сништата, но дека не смее да стане опсесија.