Роналдо откри кога се враќа на теренот

од desk3
79 прегледи

Ѕвездата на Реал (Мадрид), Кристијано Роналдо ќе земе учество во претстојниот натпревар на тимот со Осасуна. Тоа го потврди лично португалскиот голгетер на “кралевите”.

“Се чувствувам добро. Подготвен сум и ќе играм во саботата”, изјави Роналдо за време на рекламен настан на својот бренд парфеми.

1473339826gettyimages-578955776

Како што е познато, напаѓачот е со повреда на коленото од финалето на Евро 2016, која го спречи да игра до овој момент.

Според шпанските медиуми Роналдо ќе влезе во игра против Осасуна во второто полувреме. Дуелот на “Сантијаго Бернабеу” е во сабота .