Роналдо раскрварен го напушти теренот, па на мобилен се погледна

од desk2
116 прегледи

Кристијано Роналдо постигна два погодоци во победата на Реал Мадрид против Депортиво со резултат од 7:1, а Португалецот во 88 минута крвав го напушти теренот.

Имено, при постигнувањето на вториот гол, официјално најдобриот играч на светот доби незгоден удар со копачка во глава, а кога стана, лицето му беше облеано во крв.

При излегувањето од терен, Роналдо на еден член на медицинскиот тим му побара мобилен за да може да си го види раскрвареното лице, а таа фотографија и ситуација станаа вирален хит.