Роналдо станува втор вицекапитан на Реал

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо во новата сезона ќе биде втор вицекапитан на “белите”, на местото на Пепе кој веќе го напуштил тимот , соопштува AS.

Роналдо, кој е играч на Реал од 2009 година, за прв пат се појави на теренот со капитенската лента во јануари 2013 година во натпревар против Реал Сосиедад. Тогаш Икер Касиљас и Гонзало Игуаин останаа резерви, а Серхио Рамос и Марсело не беа во групата за дуелот. Во сезоната 2017/2018 Серхио Рамос повторно ќе ја носи лентата, а негови заменици во секвенцијален ред ќе бидат Марсело, Роналдо и Карим Бензема.