Роскосмос го испраќа Сојуз МС-23 да врати дома американски и руски астронаути

од Stefanija Kuzmanovska

Руската вселенска агенција Роскосмос денеска објави дека ќе го лансира вселенското летало Сојуз МС-23 на 20 февруари со задача да донесе дома двајца космонаути и еден американски астронаут од Меѓународната вселенска станица, откако во нивната капсула дојде до истекување на средство за разладување минатиот месец.

Експедицијата на Сергеј Прокопјев, Дмитриј Петелин и Френк Рубио на МСС продолжува. Тие ќе се вратат на Земјата на Сојуз МС-23, објави Роскосмос, пренесува „Ројтерс“.

Протекувањето на вселенското летало, кое се случи на 14 декември, беше предизвикано од мало кинење на надворешната цевка за ладење на радијаторот, токму во моментот кога астронаутите се подготвуваа за рутинска вселенска прошетка, а таа е прикачена на МСС и требаше да врати три членовите на екипажот на Земјата во март.

Слични содржини