Розберг триумфираше во Сингапур и повторно поведе на табелата

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг ја забележа осмата победа оваа сезона и 22-ра во кариерата. Тој денеска беше најбрз на патеката во Сингапур и се искачи на првата позиција во Генералниот пласман од Светскиот шампионат во Формула 1.roznebreg

На второто место трката во Сингапур ја заврши Даниел Рикардо од Ред Бул, додека досегашниот лидер и клупски колега на Розберг, Луис Хамилтон го освои третото место.

Бодови уште освоија возачите од четвртото до десеттото место: Кими Раиконен, Себастијан Фетел, Макс Верстапен, Фернандо Алонсо, Серхио Перез, Даниел Квајт и Кевин Магнусен.

Розберг го презеде водството во генералниот пласман со 273 поени, осум повеќе од Хамилтон. Рикардо е трет со 179 поени.