Рубио: Русија и САД имаат долг пат пред себе, но двете страни постигнаа напредок

Русија и САД имаат долг пат пред себе, но страните постигнаа напредок за време на самитот во Алјаска, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин во Анкориџ

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Русија и САД имаат долг пат пред себе, но страните постигнаа напредок за време на самитот во Алјаска, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин во Анкориџ.

„Сè уште имаме долг пат пред себе, но постигнавме напредок“, изјави Рубио за рускиот Канал 1, објави ТАСС.

На прашањето дали резултатите од разговорите во Алјаска се поттик за мировниот процес во Украина, Рубио рече: „Се надеваме, затоа се сретнавме“.

Слични содржини