„Ругање со Христос“ за отворање на „Киненова“, фестивалот ограничен за влезници

од desk2
108 прегледи

Премиерата на филмот „Ругање со Христос“ во режија ан Јани Бојаџи по светската премиера на фестивалот во Монтреал, утре премиерно ќе биде прикажан и пред македонската публика за отворањето на третиот филмски фестивал „Киненова“ од 20 часот во кино „Милениум“.


На прес-конференцијата на фестивалот денеска режисерот Бојаџи ги покани сите што ќе може да дојдат до билет да го видат неговиот филм, за кој рече досега се зборувало само според она што го прикажува трејлерот. Рече дека сложено е прашањето дали ќе има ли ќе нема влезници за филмот затоа што, за разлика од минатите изданија, овојпат МКЦ на фестивалот му отстапил само десет влезници, а останатите се на продажба на билетарницата на „Милениум“.

– Кој може да дојде, нека види. Може утрешната ќе биде единствена проекција на филмот. Имавме намера да биде прикажан и во други градови низ дражавата, но тоа станува невозможна мисија, рече Бојаџи кој за фимот не сакаше да каже повеќе од она што, рече, толку многу го кажувал во изминатот месец.

Директорот на „Киненова“ Небојша Јовановиќ рече дека влезниците се во слободна продажба од по 100 денари, а Младинскиот културен центар (под чија надлежност е кино „Милениум“) го ограничил фестивалот и му отстапил само десет влезници. Како организатори, фестивалот треба да ги купи билетите за екипата, за членовите од жирито, за медиумите…

– Во изминатите две години, на отворањето на фестивалот имавме можност да подигнеме повеќе билети, а сега не можеме да подигнеме повеќе од десет. Како организатори сега ние треба да ги купуваме билетите или, пак, екипата и продуцентот на филмот. рече Јовановиќ. Ќе бидат поканети, рече, од Министерството за култура и од други институции. – Билетите за нив ние ќе ги купиме или ќе ги поканиме да си ги купат, додаде директорот на фестивалот.

„Ругање со Христос“ е меѓу осумте филмови во официјалната селекција на овој фестивал кој е посветен на дебитантскиот филм. Бил избран зашто го исполнува критериумот да е дебитантски и поради заложбата на „Киненова“ да има и македонски дебитантски филм во програмата.

На првата прес-конференција пред една недела, Јовановиќ рече дека го селектирале пред реакцијата од Министерството за култура кое филмот го оцени како скандалозен и контроверзен, дека тенденциозно игра со историјата и му наштетува на соживотот. Филмот освои награда во Монтреал, селектиран е и за Торонто, во Македонија не е прикажан досега и е достапен само трејлерот.

– Воопшто не го знаевме ниту го предвидовме тој општествен контекст околу филмот. Се водевме според принципите на квалитетот на филмот и дали заслужува да биде во натпреварувачката селекција. Сметавме дека заслужува и дека е необичен и храбар авторски филм во смисла на филмска нарација. Темата што ја обработува е регионална, од балакнскиот контекст, и воопшто не е фокусиран на она што можеби трејлерот го претставува. Нема нешто од што некој може да биде навреден или да се плаши. Секако, би ја поминал нашата цензура на фестивалот доколку сметавме дека има нешто проблематично во содржината, рече Јовановиќ, кој тогаш рече дека ќе го поканат и министерот за култура и дека очекува да спласне тензијата по премиерата.

Слични содржини