Русија ја обвини Шведска: Криете информации за експлозиите на „Северен тек“

од Stefanija Kuzmanovska

Руските власти денеска ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозиите што ги оштетија гасоводите „Северен тек“ минатата година.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.

Имено, Москва му предложи на Стокхолм да започне заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог. Захарова сугерираше дека зад таа одлука има скриени причини.

„Можеби руските истражители по спроведувањето на истрагата би можеле да дојдат до незгоден заклучок кој ја извршил саботажата. За тоа кој го смислил и извел. Шведска прикрива што точно открила во текот на истрагата“, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија.

Слични содржини