Русија до САД: Сопрете ги непријателските летови

од Stefanija Kuzmanovska

Еден ден по инцидентот над Црното Море, Русија ги повика САД да ги прекинат „непријателските летови“, пренесува АФП.

За потсетување, американското воено беспилотно летало MQ-9 се урна во Црното Море во вторникот откако руски авион Су-27 го погоди неговиот пропелер, објави Пентагон, што е прв ваков инцидент по руската инвазија на Украина повеќе од пред една година.

Русија негираше дека бил остварен каков било контакт и вели дека дронот се урнал по „остро маневрирање“.

Пентагон тврдеше дека станува збор за „рутински лет“, а Русија го нарече инцидентот „провокација“.

Слични содржини