Русија предупредува на „последици“ доколку САД го испратат системот „Патриот“ во Украина

од Nikola Popovski

Руското Министерство за надворешни работи денеска предупреди дека испраќањето на современиот американски ракетен одбранбен систем „Патриот“ во Украина ќе биде „уште еден провокативен потег на САД“ и дека Москва може да одговори на тоа.

Портпаролката на Министерството, Марија Захарова, на неделен брифинг рече дека „САД практично станаа страна“ во војната во Украина.

Распоредувањето на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ ќе ги подобри типовите одбранбени системи што Западот ги испраќа за да и помогне на Украина да ги одбие руските воздушни напади, но исто така може да го ескалира конфликтот.

Захарова додаде дека зголемувањето на износите на американската воена помош, вклучително и трансферот на такво модерно оружје, „би значело уште поголемо учество на воениот персонал во конфликтите и може да има последици“ кои таа не ги прецизираше.

Слични содржини