Русија: Зад терористичкиот напад на Татарски стојат специјалните служби на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Терористичкиот напад врз познатиот воен известувач Владлен Татарски го планирале украинските специјални служби со учество на агенти од редовите на поддржувачите на Фондот за борба против корупција на Алексеј Навални, тврди Рускиот национален комитет за борба против тероризмот.

Како што наведуваат оттаму, нападот го планирале „специјалните служби на Украина со учество на агенти од редовите на лица кои соработуваат со таканаречениот Фонд за борба против корупцијата на Навални, чиј активен поддржувач е притворената Дарија Трепова“, пренесува РИА Новости.

Познатиот воен репортер Владлен Татарски (вистинско име Максим Фомин) беше убиен вчера во експлозија во кафуле во Санкт Петербург, во која беа повредени уште 32 лица.

Слични содржини