Русија бара од Словачка да ги врати вакцините Спутник V

од Nikola Popovski

Фондот за директни инвестиции на Русија побарал од словачката влада да врати серија вакцини Спутник V, како таа би се употребила во други земји, се вели во соопштението на официјалниот профил на вакцината на Твитер.

„На 6 април 2021 година, Рускиот фонд испратил писмо со барање да се врати вакцината поради повеќекратно кршење на договорот. На тој начин таа би можела да се користи во други земји “, се објаснува во соопштението.

Исто така, се додава дека лабораторијата во Словачка, каде е тестирана серијата вакцини „Спутник V“, која е доставена во оваа земја, не е дел од мрежата на официјални лаборатории на Европската унија.

„За жал, во кршење на постојниот договор, Државниот институт за контрола на лекови обезбеди тестирање на Спутник V во лабораторија што не е дел од мрежата на официјални лаборатории на ЕУ за контрола на лекови, и покрај нивната достапност“, соопштиле од Рускиот фонд.

Покрај тоа, словачкиот регулатор започнал кампања за дезинформација против вакцината. Рускиот фонд побарал од Словачка повторно да ја тестира руската вакцина „Спутник V“ – овој пат во лабораторија акредитирана од Европската унија, се нагласува во соопштението.

Во соопштението се додава дека сите серии Спутник V се со ист квалитет и се предмет на строга контрола на квалитетот во Институтот „Гамалеја“. „Квалитетот на руската вакцина е потврден од регулаторите од 59 земји во светот“, стои твитот.

 

Слични содржини