Русија е подготвена да извезува гас во Европа, но засега нема побарувачка

од Stefanija Kuzmanovska
887 прегледи

Русија е подготвена да испорачува гас во Европа преку различни рути и по истекот на договорот за транзит на гас преку Украина во 2024 година, но сè уште не гледа желба за разговор за ова прашање, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.

„Секогаш сме подготвени да продолжиме да испорачуваме гас за Европа, а не само по сегашната рута до крајот на 2024 година. Доколку другата страна сака да продолжи, ние сме подготвени да разговараме за овие прашања. Засега не гледаме желба за тоа“, истакна Новак.

Во декември 2019 година, руски „Гаспром“ и украински „Нафтогас“ се договорија да го продолжат транзитот на руски гас преку украинска територија од 2020 до 2024 година, со опција за натамошно продолжување.

Тој договор предвидува транзит на 65 милијарди кубни метри гас во 2020 година и 40 милијарди кубни метри гас годишно од 2021 до 2024 година, пишува ТАСС.

Договорот, исто така, предвидува дека транзитните такси се наплаќаат врз основа на износот на резервиран капацитет, дури и ако реалниот волумен на пумпање е помал.

Слични содржини