Русија ги обновува летовите кон 52 земји, Македонија не е на листата

од Nikola Popovski

Руските власти објавија план за укинување на забраната за летови до и од 52 земји почнувајќи од 9 април, бидejќи Москва продолжува да ги укинува ограничувањата за коронавирусот. Од балканските земји на листата се Србија и БиХ, но не и Црна Гора, Хрватска и Македонија.

Мерката ќе се однесува на „пријателските земји“, рече премиерот Михаил Мишустин, мислејќи на земјите кои не се приклучија на западните санкции кон Москва.

Според премиерот, овој чекор доаѓа бидејќи бројот на случаи на коронавирус постојано се намалува во последните неколку недели.

Во листата на земји се вклучени: Алжир, Авганистан, Аргентина, Бахреин, Босна и Херцеговина, Боцвана, Бразил, Кина, Костарика, Египет, Етиопија, Фиџи, Хонг Конг, Израел, Индија, Индонезија, Ирак, Јамајка, Јордан, Кенија, Кувајт, Либан, Лесото, Маурициус, Мадагаскар, Малезија, Малдиви, Мароко, Мозамбик, Молдавија, Монголија, Мјанмар, Намибија, Северна Кореја, Оман, Пакистан, Перу, Филипини, Саудиска Арабија, Сејшели, Србија, Шри Ланка, Сирија, Тајланд , Танзанија, Тунис, Турција, Уругвај, Венецуела, Виетнам и Зимбабве.

Москва претходно ги укина забраните за авиокомпании од 15 земји, вклучувајќи ги Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), Катар, Мексико, Доминиканската Република, Куба, ОАЕ, Турција, Финска, Чешка, Швајцарија, Јужна Кореја и Египет.

Воздушниот простор на ЕУ, Велика Британија и САД останува затворен за руски авиони како дел од санкциите поради воената операција во Украина.

Слични содржини